Вести
News and press releases
Вести и соопштенија за јавноста од глобалните активности на ОБСЕ
Повик за учесници: Обука на тема Младинско ангажирање и оснажување за борба против радикализација и насилен екстремизам
Publishing date: 25 август 2025
Content type: News
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
Мисијата на ОБСЕ во Скопје објавува повик за учесници за обуката на тема Младинско ангажирање и оснажување за борба против радикализација и насилен екстремизам која ќе се одржи во периодот 15-18 септември 2025 во хотел Романтик во Велес. Оваа иницијатива има за цел да ги опреми младите лидери со знаење и вештини за справување со предизвици во однос на превенција на конфликти и национална безбедност. Во рамките на третата младински фокусирана програма на Мисијата, 20 студенти кои студираат безбедност, право, меѓународни односи и политички студии на универзитетите низ Северна Македонија ќе бидат дел од оваа обука. Учесниците ќе работат со членови на Мисијата на ОБСЕ како и со експерти од безбедносните институции за да се стекнат со практични перспективи за комплексноста на повеќекултурните општества и современите безбедносни предизвици. Период за аплицирање: 25 август – 7 септември 2025. Избраните учесници ќе бидат известени по е-пошта, па затоа апликантите треба да внесат е-адреса која активно се користи. Иако формуларот за аплицирање е на англиски јазик, добредојдени се апликации на македонски и албански јазик. Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе ги покрие сите трошоци за сместување, пат, материјали за обука и оброци. За време на настанот ќе биде обезбедено симултано толкување. Аплицирајте тука: https://forms.gle/cJzrtcie2v5ZCwbV6
Мисијата на ОБСЕ во Скопје го слави Меѓународниот ден на младите со фокус на граѓанското учество
Publishing date: 12 август 2025
Content type: News
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
Мисијата на ОБСЕ во Скопје го одбележа Меѓународниот ден на младите со славење на силата на младинското граѓанско учество на церемонијата на доделувањето на „Наградата за младинско учество“ која се одржа во Сули Ан во Старата скопска чаршија. На настанот организиран од Министерството за социјална политика, демографија и млади и Националниот младински совет на Македонија, со поддршка од Мисијата, беа доделени награди на млади поединци, неформални групи и младински организации чии иницијативи ги трансформираат заедниците во Северна Македонија. Шефицата на Канцеларијата за политички прашања и комуникации на Мисијата, Енрика Вида, во нејзиното обраќање ги пофали „креативноста, пасијата и лидерството“ на младите луѓе и ја најави новата Награда за млади и безбедност, која Мисијата ќе ја доделува од 2026. Со оваа награда ќе се оддава признание на младите лидери и организации кои придонесуваат кон побезбедни и поотпорни заедници, зајакнувајќи ја заложбата на Мисијата во однос на Агендата за млади, мир и безбедност. „Младинското учество е повеќе од право – тоа е одговорност и уникатна можност за обликување на нашата заедничка иднина“, изјави Вида. „Од проекти за финансиска писменост кои ги поврзуваат Скопје и Костарика, до граѓански кампањи за родова еднаквост, безбедност и меѓукултурен дијалог, покажувате дека граѓанското учество е демократија на дело“. На церемонијата беа претставен инспиративни примери за иницијативи водени од млади, од проекти за урбана ревитализација во Скопје до меѓукултурни летни кампови за деца од области зафатени од криза. Овие приказни, истакна Вида, се „искри“ кои прераснуваат во трајна промена. Како дел од својата тригодишна стратегија, Мисијата ќе продолжи да поддржува политики според потребите на младите, структурен дијалог и иницијативи како претстојната Национална работна група за превенција на насилство помеѓу младите, заеднички потфат со Министерството за развивање решенија засновани на докази кои ги рефлектираат потребите и перспективите на младите луѓе. На овогодинешниот Меѓународен ден на младите, носители на одлуки, членови на граѓанското општество и младински лидери ја реафирмираа заедничката заложба: омоќување на младите како суштински партнери во градењето демократски, инклузивни и мирољубиви општества.
Специјалната претставничка на претседавачката со ОБСЕ ги заврши посетите на Црна Гора и Северна Македонија
Publishing date: 9 мај 2025
Content type: Соопштенија за јавноста
Where we are: OSCE Chairpersonship, Мисија на ОБСЕ во Црна Гора, Мисија на ОБСЕ во Скопје
ВИЕНА/ХЕЛСИНКИ, 9 мај 2025 – Специјалната претставничка на претседавачката со ОБСЕ, амбасадорката Терхи Хакала, денеска ја заврши официјалната посета на Црна Гора и Северна Македонија. Патувањето ја реафирмираше заложбата на ОБСЕ за стабилност, безбедност и зајакнување на институциите во Југоисточна Европа.
Кон еднаквост помеѓу мажите и жените
Publishing date: 14 февруари 2025
Content type: News
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Демократизација, Родова еднаквост
[embed:https://youtu.be/hUFRrXVgrY8] Со поддршката од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Собранието остварува видлив напредок кон еднаквост помеѓу жените и мажите, преку воведување нови политики, зајакнување на надзорната функција и унапредување на структурните реформи. На 11 февруари, собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите едногласно го усвои Акцискиот план на Собранието за унапредување на рамноправноста помеѓу жените и мажите за периодот 2025-2027. [1] „Со ова се означува третиот последователен Акциски план развиен со поддршката на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР), зајакнувајќи ја заложбата на Собранието за унапредување на еднаквоста помеѓу жените и мажите“, изјави амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Марина Димовска, генерална секретарка на Собранието, ја реафирмираше заложбата на институцијата за поттикнување еднакви можности за сите. „Собранието, како претставничкиот дом на сите граѓани и најважната демократска институција, останува водечка сила во промовирањето еднаквост помеѓу жените и мажите“. Новиот Акциски план задава амбициозни цели за зајакнување на еднаквоста помеѓу жените и мажите во политичкото застапување, законодавните процеси и надзорните функции. Во фокусот на овие напори е и зајакнувањето на внатрешната организација на Собранието, вклучително и формирањето специјален отсек за еднаквост помеѓу жените и мажите, поддршка на семејно-пријателски политики за службата и пратениците и подобрени капацитети за родова анализа. Клучните цели вклучуваат зајакнување на етичките стандарди за спречување на сите форми на насилство, охрабрување на машките политичари активно да застапуваат за еднаквост и зголемување на јавната свест за родови прашања. Од 2019, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ОДИХР имаат поддржано напори за поинклузивно Собрание, грижејќи се перспективите и приоритетите и на жените и на мажите да бидат рефлектирани во неговата работа. Собранието има воведено специјализирани обуки за родова еднаквост, сеопфатен прирачник за најдобри практики [2], како и обука за воведно знаење за новоизбрани пратеници. Со позицијата советник за родови прашања, воведена во 2023, се обезбедува постојана и континуирана поддршка за политиките кои ги рефлектираат потребите на сите граѓани. Овие радикални промени создаваат поправично и попретставничко Собрание. Со годишната пленарна седница, со која се одбележува Меѓународниот ден на жената, еднаквоста е присутна на агендата, а родово сензитивните одредби од Деловникот помагаат заложбите да се претворат во делување. Регионалните размени дополнително ги зајакнуваат овие напори, поттикнувајќи соработка помеѓу границите со цел градење поинклузивни институции. Мисијата на ОБСЕ во Скопје продолжува да ги поддржува институциите на Северна Македонија при нивните напори за вметнување на родово сензитивните практики во создавањето политики, грижејќи се за долгорочен напредок кон еднаквост и инклузивност. [1] https://www.sobranie.mk/ns-newsarticle-usvoen-akciskiot-plan-za-unapreduvane-na-ramnopravnosta-megu-zenite-i-mazite.nspx [2] https://www.osce.org/mission-to-skopje/500983
16 дена активизам против родово базирано насилство 2024 Активности на Мисијата на ОБСЕ во Скопје
Publishing date: 24 ноември 2024
24 ноември: Централен настан на ОБСЕ: „Насилство врз младите жени и девојки: сексуално вознемирување, демнење и контролирачко однесување“ Време и место: 12:00-14:30, Лабораториум, Skopje Овој настан има за цел да ги идентификува и обрне внимание на реалните предизвици при спречувањето и гонењето насилство врз младите жени и девојки, фокусирајќи се ниската стапка на обвиненија и истраги. Клучни теми на кои ќе се разговара се подигање на свеста за сексуалното вознемирување, демнењето и контролирачкото однесување како родови форми на насилство како и разбирање за долгорочното влијание на овие злодела врз благосостојбата и развојот на младите жени и девојки. Ќе биде прикажан видео материјал создаден во соработка со Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, по што ќе се одржи дебата со чинителите. Централен дел на настанот ќе биде потпишувањето на Декларација на намери, со која ќе се отслика јавната заложба за борба против насилството врз младите жени и девојки. Декларацијата задава десет акциски точки со конкретни мерки кои Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе ги поддржи во 2025 година. Помеѓу учесниците кои се поканети да ја потпишат Декларацијата се претседателката на Северна Македонија, министерката за образование, претставници на локални училишта, младински организации и невладини организации активни во борбата за ставање крај на насилството врз жените. На настанот ќе се обратат претседателката на Северна Македонија и министерката за образование. Шефот на Мисијата на ОБСЕ нема да присуствува на настанот од здравствени причини, но ќе има видео-обраќање. Заменик-шефицата на Мисијата на ОБСЕ ќе ја модерира воведната сесија. 25 ноември: Почетен настан за 16 дена активизам против родово базирано насилство организиран од ОН (настан со поддршка на ОБСЕ) Време и место: 19:30-22:30, Музеј на Град Скопје Настанот на кој ќе се претстават повеќе платформи, финансиски поддржан од Мисијата на ОБСЕ, ќе промовира единство при разрешувањето на насилството врз жени и девојки. На него ќе се одржат панели за отворени дискусии со претставници од партнерските организации на ОН како и билатералните донатори, младински активисти, невладини организации и медиуми. Ќе биде прикажан краток документарен филм за родово базирано насилство, а ќе биде изложена и уметничко-просторната инсталација „Прегрнати лузни“ на Мартина Спасовска. На панел-дискусијата ќе учествува заменик-шефицата на Мисијата на ОБСЕ. Јавна седница на Собраниската комисија за еднакви можности на жените и мажите на темата за насилство врз жени и девојки Време и место: 10:00-12:00, Собрание, Скопје На покана на претседателката на Комисијата, шефот на Мисијата ќе има видео-обраќање пред Комисијата, додека заменик-шефицата ќе присуствува лично. 27 ноември: Работилница за дискутирање за експертската анализа поддржана од Мисијата на ОБСЕ за „новите форми за спречување трговија со луѓе фокусирани на ранливите групи, вклучително и жени, препораки и главни загрижености ” Време и место: 10:00-14:30, хотел Арка, Скопје (затворен настан) Трговијата со луѓе несразмерно влијае врз жените и девојките поради нивната ранливост на родово базирано насилство. Трговците со луѓе честопати ги искористуваат родово базираните нееднаквости. На оваа работилница ќе се истражат стратегии за спречување трговија со луѓе, посебно со ранливи групи, вклучително и жени. Оваа сесија ќе обезбеди алатки за Националниот известувач за борба против трговија со луѓе за набљудување превентивни дејствија и ризици. Експертката Марија Тодоровска ќе ја води работилницата. 28-29 ноември: Обука за адвокати за правата на жртвите во случаи на трговија со луѓе Време и место: 10:00-16:00, хотел Арка, Скопје (затворен настан) Обуката има за цел да ги подобри капацитетите на адвокатите да застапуваат жртви на трговија со луѓе, со фокус на жени и девојки тргувани заради сексуална експлоатација и принуден труд. На сесијата ќе се обрне внимание на разликите помеѓу криумчарењето и тргувањето мигранти, со акцент на ризиците со кои се соочуваат раселените жени и девојки. Сесијата ќе ја водат Маја Конеска (јавна обвинителка) и Оља Ристова (судијка). 3-4 декември: Градење капацитети за социјални работници за борба против трговија со луѓе и заштита на правата на жртвите Време и место: 10:00-16:00, хотел Арка, Скопје (затворен настан) Како дел од тековните напори за зајакнување на државниот одговор за борба против трговијата со луѓе, Мисијата тесно работи со Националната комисија за борба против трговија со луѓе и Министерството за социјална политика, демографија и млади (МСПДМ) на конкретно наменети интервенции согласно Годишниот план за спроведување на Националната стратегија за борба против трговијата со луѓе. Клучниот фокус на овие напори е подобрување на капацитетите на социјалните работници за ефективно да се осврнат на и чуваат правата на жртвите. Оваа обука има за цел да ги опреми социјалните работници со суштинско знаење и вештини, а во меѓувреме олеснува проценка на потребите на посебните мултидисциплинарни мобилни тимови да идентификуваат ранливо население, вклучително и жртви на трговија. Со зајакнувањето на вештините и капацитетите на локалните социјални работници, заедниците ќе бидат подобро позиционирани да откриваат и спречуваат трговија со луѓе во рана фаза. Со поддршката од Мисијата, МСПДМ ќе ги води сесиите за градење капацитети на професионалци за социјална работа кои работат на напори за борба против трговијата со луѓе. Со оглед на тоа што жените и девојките се несразмерно повеќе засегнати од сексуална трговија и други форми на експлоатација, во оваа обука ќе бидат вклучени и релевантни студии на случај. Обуката ќе ја спроведат г-н Назиф Абди и г-а Ирена Здравкова, истакнати експерти во областа за борба против трговија со луѓе. 10 декември: Работилница на најдобри практики од регионот за Мрежа на здруженија на жени во полицијата (МЗЖП) Време и место: 9:30-17:30, хотел Александар Палас, Скопје (затворен настан) На оваа работилница ќе присуствуваат 6 претставници од Министерството за внатрешни работи и 12 претставници од МЗЖП од теренските операции на ОБСЕ во Југоисточна Европа. Учесниците ќе споделат искуства и најдобри практики за поддршка на напорите на МВР за воспоставување функционална и одржлива МЗЖП прилагодена на институционалната поставеност на земјата во период од 2-3 години, согласно новата среднорочна стратегија на Мисијата 2025-2027. 11 декември: Презентација на методологијата за воспоставување Femicide Watch во Северна Македонија Време и место: 11:00-14:00, хотел Александар Палас, Скопје Оваа презентација има за цел да понуди детален преглед на предложената методологија за femicide watch на граѓанските организации кои работат на полето на родово базирано насилство како и на клучните државни чинители, како што се јавни обвинители, судии, полиција и центри за социјална работа. Исто така, ќе се добијат и вредни повратни информации и од граѓанските организации и од државните претставници за да се подобри методологијата. Целта е да се воспостави одржлив систем за следење податоци за фемицид во Северна Македонија и да се придонесе за создавање одржлив модел за следење ширум регионот. На настанот ќе се обратат министерот за внатрешни работи, министерот за социјална политика, демографија и млади, извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права и шефот на Мисијата на ОБСЕ. Трет состанок на битолското работно тело со полицијата и претставници на ромската заедница за да разговараат за прашањето поврзано со проституција Време и место: 12:00-15:00, хотел Милениум Палас, Битола (затворен настан) Два случаја на прекумерна употреба на сила од страна на полицијата против Роми во Битола кон крајот на 2020 предизвикаа големи реакции во јавноста и создадоа тензии помеѓу ромската заедница и органите на редот. Иако ваквите тензии не беа видливи постојано и инцидентите беа релативно ретки, комуникацијата помеѓу двете групи беше ограничена главно заради спорадични конфронтации. Почетната мисија за изнаоѓање факти и ситуациската анализа ги поставија темелите за Мисијата да го организира првиот настан за дијалог во март 2024, на кој присуствуваа претставници на ромската заедница и полициски службеници кои истакнаа и потреба и волја за градење заедничка доверба како и за идентификување повеќе критични прашања за дискусија. По паузата за време на парламентарните и претседателски избори во пролетта 2024 година – заедно со измените во полициското раководство поврзани со нив – процесот на дијалог продолжи во октомври со втор настан фокусиран на подобрување на пристапот до документи за идентификација. Оваа средба го продолжува дијалогот и ќе се осврне на прашањето поврзано со проституција, со фокус на нејзиното влијание врз девојките и жените-Ромки.
Борбата против нелегалната трговија со оружје и криумчарењето мигранти во фокусот на регионалниот настан на високо ниво во Скопје
Publishing date: 5 ноември 2024
Content type: Соопштенија за јавноста
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
What we do: Контрола на оружје, Гранично управување, Полициско работење
СКОПЈЕ, 5 ноември 2024 — Организираниот криминал претставува закана во Југоисточна Европа на која треба итно да се делува, со тоа што нелегалната трговија со оружје и криумчарењето мигранти ги загрозуваат регионалната и глобалната безбедност. Со цел соочување со овие прашања и поттикнување координирано дејствување во регионот, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во соработка со EU4FAST, во периодот 5-7 ноември во Скопје организира Конференција на високо ниво за соработка меѓу полицијата и царината.
Новиот Регионален центар: Револуција во борбата против криумчарењето оружје
Publishing date: 30 септември 2024
Content type: News
Where we are: Мисија на ОБСЕ во Скопје
Во контекст на непрекинатите безбедносни предизвици во Југоисточна Европа, постигнат е дострел во борбата против транснационалните закани и организираниот криминал. Денеска, Мисијата на ОБСЕ во Скопје го отвори новиот најмодерен Регионален К9-центар за обука и сертификација во Ѓорче Петров, клучен чекор во борбата против недозволената трговија со огнено оружје во регионот. Центарот ќе биде средиште за континуирана обука и регионална соработка. Тој е повеќе од надградба – тој вклучува изградба на нови простории за К9 и подобрување на работните услови во постојните простории. Подобрена е и мобилноста на К9-тимовите преку донацијата од 14 специјализирани возила и три приколки, со кои се овозможува побрзи, поефикасни полициски одговори ширум регионот. Официјалното отворање на Центарот означува почеток на нова ера на оперативна ефикасност и соработка, со долготрајни ефекти врз регионалната безбедност, способностите на органите за спроведување на законот како и партнерствата. За напорите за подобрување на капацитетите за детектирање МЛО Подобрувањето на капацитетите за детектирање спаѓа во рамките на вонбуџетскиот проект на Мисијата „Поддршка на националните власти на Република Северна Македонија во намалувањето на ризикот од пролиферација и злоупотреба на малото и лесно оружје (МЛО)“. Финансиран од Белгија, ЕУ, Франција, Германија, Норвешка, Словачка и САД, проектот придонесе за суштински напредок при подобрувањето на капацитетите за детектирање на Единицата за службени кучиња во земјата. Дознајте повеќе за проектот за МЛО овде.